СНЕГОТ ЗАПОЧНА ДА ПАЃА НИЗ МАКЕДОНИЈА – ОД ВЕЧЕРВА ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД И ЗА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР

објавено на:

26 Јан 2021

од:

сподели:

Во моментов снегот започна да паѓа низ Македонија, односно врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег и на пониските места и тоа особено во северните и во источните предели од државава каде веќе дува засилен, до повремено силен ветер од северен правец. До крајот на денов врнежи од снег ќе има на повеќе пониски места а снежна покривка ќе се формира понекаде и на ниските места. Силниот ветер од северен и од северозападен правец ќе се прошири насекаде и во текот на ноќта и утре понекаде и повремено ќе биде и ОЛУЕН со брзина од околу 80 км/час.

До утре наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен во најтоплите предели од државава. На повисоките и планинските места ќе биде уште постудено каде температурите ќе се  спуштат и под -10 степени. Токму поради ова ќе има појава на голомразица па на возачите и на пешаците им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ. Локално провејување на снег ќе има и утре а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 5 степени.

Многу студено ќе биде и во четврток наутро со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -2 степени, на повисоките места и на планините истите ќе се спуштат и до околу -15 степени.

Во четврток и во петок во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето, додека нови врнежи од дожд и снег на планините ќе има во петок навечер  и во текот на ноќта кон сабота. Во четврток ќе биде сеуште релативно студено со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени, додека од петок па за време на викендот ќе има пораст на температурите на воздухот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

 







Занимливости