СЛЕДУВА ТРАНСПОРТ НА САХАРСКА ПРАШИНА И ПЕСОК – ВРАЌАЊЕ НА ВИСТИНСКАТА ЗИМА КОН КРАЈОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!?

Заматена атмосфера, Сахарска прашина и песок, натпросечно топло време, и дожд помешан со песокта и прашината од Сахара ќе донесе силното југозападно воздушно струење кое се очекува од утре да ја зафати нашата територија.

Ќе дува ветер од јужен и од југозападен правец кој во текот на следните неколку денови повремено и на некои места ќе биде СИЛЕН по интензитет (над 70 км/час).

Воздушниот притисок од утре ќе бележи тенденција на опаѓање што ќе биде најава за приближување на новата циклонска активност. Оваа циклонска активност како што веќе најавцивме ќе донесе врнежи од дожд во најголем дел од Македонија а ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со појава на грмежи.

Температурите на воздухот и во првите денови од следната недела ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19, 20 степени.

Според најновите анализи со кој располагаме, кон крајот на следната недела се очекува јак сибирски продор кој ќе услови НАГЛО и ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето и температури кој ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината. Ова заладување ќе донесе снег и снежна покривка.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука