Во следниот период следува температурен шок во Македонија. Станува збор за ОГРОМНАТА разлика на утринските и на дневните температури на воздухот.
Следните утрини минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, што значи дека наутро ќе биде доста студено, максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
НАПОМЕНА: Токму поради ОГРМНАТА разлика на температурите биометеото ќе биде доста неповолно, па така кај метеопатите се можни позначителн и здравствени проблеми, па затоа ВНИМАНИЕ.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена, повремено и локално и позначителна облачност. Од вторник ќе расстат условите и за повремени врнежи од дожд и тоа барем одсега гледано од локален карактер.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki