Следува судир на две воздушни маси – МОЖНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

Поради судир на две воздушни маси, и тоа, топлата од југ и студената од север, до крајот на денов ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималмите температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.  Ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа особено до четврток ќе имаме доста нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Не се исклучува можноста за локлана појава на НЕВРЕМЕ со силен ветер и појава на град, па затоа ВНИМАНИЕ.  Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ