СЛЕДУВА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО – ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО ПОРАСТ, ДЕТАЛИ
Од денес до недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност. Денес сеуште ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој во текот на денот ќе слабее. Максималните дневни температури денес ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, додека во следните денови ќе бидат во пораст и за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.
Нов влажен бран и нови врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во понеделник.
Во Скопје и околината денес, како и во следните неколку денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност. Денес сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој во текот на денот ќе слабее. Максималната температура денес ќе се искачи до околу 8 степени, додека во текот на следните денови истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. Во понеделник повторно ќе има услови за повремени врнежи од дожд.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]