СЛЕДУВА ПРОДОР НА УШТЕ ПОТОПОЛ ВОЗДУХ ОД АФРИКА: Во следните денови температурите полека ќе се приближуваат дури и дo близу 40°C

Нашата територија и понатаму во следните денови ќе се наоѓа под влијание на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛА воздушна маса со потекло од Африка, и истата ќе условува невообичаено високи температури за овој период од годината кој на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени, па така полека но сигурно во текот на седмицата која ни следува  температурите ќе се приближат до околу 40 степени.

Ув индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент 9, па така граѓаните се советуваат да пијат што повеќе течности и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот. Ова повеќе важи за метеопатите, и за старите и изнемоштени лица.

Сепак во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните часови ќе има услови за појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

 







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]