Следува понатамошно ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето

Под влијание на потопла воздушна маса од југ, за време на овој викенд максималните дневни температури ќе се искачиваат во интервалот од 23 до 30 степени денес, и од 24 до 33 степени во текот на утрешниот ден.

Сепак во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. А ќе дува и умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот Долж Повардарието ќе засилува.  Што се однесува до Скопје, максималните дневни температури денесе се искачат до околу 28 степени, утре пак истите ќе се искачат до околу 30 степени.

Потоа во текот на следната недела во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ