СЛЕДУВА ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ, ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И НОВО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

објавено на:

05 Јул 2022

од:

сподели:

До четврток под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Освежување на времето и позначителен пад на температурите ќе има од петок па натаму, но и понатаму ќе биде нестабилно со услови за појава на локално НЕВРЕМЕ. Освежувањето ќе биде проследено и со засилен северен ветер.

Темпертурите од петок ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Локални врнежи и нестабилност исто така ќе има и за време на викендот.

И во Скопје и околината до четврток ќе биде МНОГУ ТОПЛО, а позначително освежување со засилен северен ветер и нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд и грмежи ќе има од петок. Услови за нестабилност ќе има и утре.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.