СЛЕДУВА ПЕРИОД СО ЧЕСТА ПОЈАВА НА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ – МОЖНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

објавено на:

07 Јун 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и заслен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурата ќе се искачи до околу 25 степени.

Потоа и во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости