СЛЕДУВА ПЕРИОД НА СТАБИЛНО И СУВО ВРЕМЕ, БЕЗ НИКАКВИ ВРНЕЖИ – ДЕТАЛИ
Следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко па така по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Макисмланите дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност. Ќе има услови и за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Макисмалната дневна температура во текот на следните неколку денови ќе се искачува до околу 9 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]