СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: СЕ ОЧЕКУВА ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ДОЖД И ГРМЕЖИ – МОЖНО НЕВРЕМЕ

Денес попладне, како и во следните неколку денови времето во претпладневните часови ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека утре попладне и навечер, како и во четврток ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Локално не се исклучува можноста за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер и со појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 38 степени, додека веќе од четврток истите ќе бидат попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени во најтоплите предели.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki