СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНОСТ – ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ И УСЛОВИ ЗА ПОИНТЕНЗИВНИ АТМОСФЕРСКИ ПРОЦЕСИ
Денес во попладневните часови, како и во текот на ноќта но и утре времето ќе биде значително облачно, локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со град.
Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, утре ветерот на повеќе места ќе биде од југозападен правец а температурите на воздухот ќе бидат во опаѓање и тоа особено во северните предели. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека утре од 21 до 28 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 30 степени.
Голем пад на температурите насекаде ќе има од четврток, но детална анализа околу ова очекувајте понатаму.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]