Денес попладне и во текот на ноќта, како и во текот на утрешниот ден и тоа особено во претпладневните часови, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, лоаклно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, СИЛЕН ВЕТЕР (над 80 км/час), силни електрични празнења и појава на град. Услови за нестабилност и за појава на НЕВРЕМЕ ќе има и во делови од Скопската котлина.
Потоа, за време на викендот ќе имаме стабилно, суво и сончево време.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, додека утре и во сабота ќе бележат тенденција на пад за 4 до 8 степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 38 степени во најтоплите предели од државава, додека во недела повторноно истите ќе бележат тенденција на пораст.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес попладне и во текот на ноќта, како и утре, во случај на појава на НЕВРЕМЕ и СИЛЕН ветер, граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат на отворен простор.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki