Следува МНОГУ ТОПОЛ воздушен бран од Африка!

објавено на:

20 Мај 2022

од:

сподели:

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа утре ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево време, додека во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и тоа поради продорот на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка во нашата држава, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости