СЛЕДУВА МНОГУ ДОЖД И СНЕГ, НО И СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД НАД 30 ЦМ – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПОД ПРОСЕКОТ!

објавено на:

04 Мар 2022

од:

сподели:

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места и поинтензивни ќе бидат во јужните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Инаку како што најавивме, во следниот период ќе имаме претежно облачно и СТУДЕНО време со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе преминуваат само во снег и на некои пониски места.

Во следните денови на повисоките и планинските места снежната покривка значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на некои пониски места, особено во западните и во југозападните предели.

Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на значителен пад и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 7 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното.

И во Скопскиот регион во следниот период ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на околните планини ќе има врнежи од снег. Повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушта во интервалот од -1 до 1 степен, додека максималната ќе се искачува во интервалот од 4 до 7 степени.
Напомена: Снежната покривка која се очекува во следниот период ќе биде особено изразена како што претходно најавивме во западните и во југозападните предели. На планинските места таа ќе се зголеми дури за над 30 цм, додека на пониските места ќе се формира нова и истата локално ќе изнесува и над 15 сантиметри.

 







Занимливости