СЛЕДУВА ИЗРАЗЕНО ЈУЖНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ И НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ

објавено на:

03 Дек 2020

од:

сподели:

До крајот на денов времето во државава ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд, особено во западните предели. На планините ќе има слаби врнежи од снег а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура се очекува да се искачи до околу 8 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и значително потопло со повремен локален дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во текот на ноќта недела кон понеделник како и во понеделник, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец додека максималните дневни температури особено за време на викендот ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

 







Занимливости