СЛЕДУВА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС И ТОА НА ПОДОБРО! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ…

Медитеранскиот циклон кој ја зафати целата наша држава најмногу дожд донесе во Демир Капија, дури 63 литри.  Најмалку дожд наврна во Охрид и тоа 3 литри, додека во Скопје – Петровец наврнаа 13 литри дожд. Како што беше и најавено од наша страна на највисоките планински врвови, и тоа на Пелистер има снег и е формирана снежна покривка.

Од утре следува нов период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Маглата локално би можела да биде и ГУСТА.

Нов бран на врнежи барем според последните анализи се очекуваат за време на следниот викенд. 

Температурите овие денови ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 15  до 22 степени.

Во Скопје и околината следува период на стабилно и суво време, додека наутро и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурата ќе се искачи до околу 19 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki