СЛЕДУВА ДОЖД – А ПОТОА ГОЛЕМ ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ, НЕВООБИЧАЕНИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОЕМВРИ!
Како што најавивме, под влијание на влажен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд и тоа особено претпладне, додека до крајот на денот врнежите ќе престануваат. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, што значи дека истите ќе бидат нешто пониски.
Потоа од среда па натаму, под влијание на јужно воздушно струење температурите ќе бидат во ГОЛЕМ пораст, а времето ќе биде променливо облачно и суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината. Позитивни температури на воздухот ќе имаме и во ноќните, како и во раните утрински часови.
И во Скопскиот регион утре и тоа особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени. Потоа од среда па натаму времето ќе биде променливо облачно и суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 21 степен.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]