СЛЕДУВААТ ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите ќе се искачат дури и над 35°C
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Ветерот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.
Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и истите во следните денови ќе бидат натпросекот и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели температурите се очекува да надминат 35 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза