Следуваат два СТАБИЛНИ и СУВИ денови – Во петок, како и за време на викендот повторно услови за локална НЕСТАБИЛНОСТ!

објавено на:

15 Јун 2022

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Исто така во петок и во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости