Како што веќе најавивме, од утре започнува продорот на топол воздух од југ, кој особено за време на викендот ќе услови невообичаено високи температури на воздухот.
Најтопло ќе биде во недела и во понеделник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност и тоа особено во недела, кога ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Исто така за време на викендот, како и во понеделник Сахарската прашина која ќе биде присутна кај нас ќе услови времето да биде релативно мачно и поспарно.
Да напоменеме дека очекуваните температури за време на овој топол бран ќе бидат повисоки од нормалните дури за 8 до 10 степени.
Условите за врнежи ќе започнат да растат од понеделник па натаму, додека нов пад на температурите на воздухот ќе имаме од вторник.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука