Славчо Попоски: Топлото време ќе се задржи, но НЕВРЕМЕ и влажна и нестабилна воздушна маса се движат кон Македонија

објавено на:

07 Јун 2020

од:

сподели:

Во текот на следните денови нашата територија и понатаму ќе продолжи да биде под влијание на топла воздушна маса која продира од југ, истата условува температури кои се околу просекот или типични за овој дел од годината. Во текот на следните денови, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 22 до 30 степени.

Сепак атмосферата нема да биде стабилна па така во претпладневните часови времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Нашата држава под поинтензивно влијание на влна и нестабилна воздушна маса ќе биде зафатена во вторник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во ваква ситуација, односно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрцја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости