Почитувани граѓани, со помош на најпрецизните метеоролошки модели подготвена е и сезонската прогноза за ова лето.
Според најновите анализи кој ги направивме претстојното лето во нашата држава ќе биде натпросечно топло, односно не чека едно долго, топло и спарно лето во целата наша држава.
Температурите на воздухот ќе бидат повисоки од просечните а ќе има и почести продори од северните предели на Африка кој ќе условуваат многу високи температури на воздухот. Особено во централните и во југоисточните предели на државава, повремено температурите на воздухот се очекува да се искачуваат и до 40 степени.
Натпросечно топло, односно многу високи температури се очекуваат и во останатите предели од државава. Повремено се очекуваат и продори на посвеж воздух од северните предели на Европа.
Што се однесува до врнежите, истите ќе бидат релативно под просекот. Односно ќе има помалку врнежи од вообичаеното над целата територија на државава. Сепак и покрај ова, се очекуваат повремени дестабилизации на атмосферата кој би условувале поројни врнежи, грмежи и можност за временски непогоди ширум нашата држава.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за доста долгорочна анализа на времето, промени во истата и тоа како се можни што значи дека нашите граѓани и понатаму да ги следат нашите секојдневни метео анализи, така навремено и најпрецизно ќе бидат информирани за секоја ново настаната временска состојба, доколку дојде до истата.
Деталната сезонска анализа на времето ја подготви Славчо Попоски