Како што веќе најавивме, топлотниот бран својот максимум ќе го достигне денес и утре, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, а УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 7 и 8).
Локална и изолирана нестабилност во попладневните часови се очекува утре и во среда кога ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Под влијание на малку посвежа воздушна маса од север , од четврток ќе имаме попријатни температури на воздухот и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Услови за нова локална нестабилност ќе има во петок, додека за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и суво.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki