Според најновите излези на нумеричките модели на снег и на големо заладување на времето можеме да рачунаме следниот викенд, кога се очекува значителна промена на временската состојба кај нас.
Во денот сабота, на 26 декември очекуваме врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, како и формирање на нова снежна покривка. Во текот на денот во сабота исто така ќе започне да дува северен ветер кој нагло ќе ги спушти температурите на воздухот. Со ова заладување, врнежите од дожд ќе започнат да поминуваат во врнежи од снег и на пониските места, особено во сабота попладне и кон крајот на денот.
До сабота навечер и во текот на ноќта кон недела снежна покривка се очекува во најголем дел од Македонија.
Понатаму ќе се следат сите нови излези на нумеричките модели, со што граѓаните навремено ќе бидат информирани за секоја ново настаната состојба, или евентуална измена на истите.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука