Славчо Попоски со најнова најава: Продолжува нестабилното време со потпросечни температури
За времето на овој викенд, и понатаму ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, подолги во претпладневните часови.
Од пладневните часови па натаму ќе има повремен локален дожд, ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот, денес ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени Целзиусови, и од 15 до 23 степени Целзиусови во текот на утрешниот ден.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во текот на претпладневните часови. Од пладневните часови па натаму ќе има услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура се очекува,денес да се искачи до околу 21 степен Целзиусов, и до околу 20 степени Целзиусови во текот на утрешниот ден.
Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Локално ќе има услови за поретка појава на грмежи. Што се однесува до температурите, иситите и понатаму ќе се задржат под просекот за овој дел од годината.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]