Славчо Попоски со најава: Следува се потопло време, но попладне опасност од локално НЕВРЕМЕ

објавено на:

24 Јун 2020

од:

сподели:

Во текот на следните денови, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ која ќе услови позначителен пораст на температурите на воздухот кој за време на викендот, особено во најтоплите предели од државава максималните дневни температури на воздухот се очекува да се искачат до околу 35 степени.

Сепак атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмсофера, локално процесите можно е да бидат нешто поинтензивни и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со електрични празнења, силен ветер  и појава на град.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости