Периодот кој што е пред нас ќе донесе доста променливо време проследено со почести врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планинските места низ државава.
Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, понекаде и умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека попладне и кон крајот на денот Долж Повардарието ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, додека во крајните југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Потоа во четврток и во петок ќе имаме претежно суво време. Односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека за време на викендот под влијание на влажен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, додека температурите ќе бележат тенденција на пад и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Врнежите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука