СЛАВЧО ПОПОСКИ: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НА ПОВИДОК НОВО НЕВРЕМЕ – ВАЖНИ СОВЕТИ

објавено на:

18 Авг 2021

од:

сподели:

Во текот на денешното попладне и навечер повторно се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има услови и за локална појава на ново НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 37 степени.

Попладне и кон крајот на денов, особено Долж Повардарието ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, што ќе биде најава за спуштање на посвежа воздушна маса од север,

Потоа утре ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец а температурите ќе бидат пониски за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Локална нестабилност во попладневните часови ќе има и во петок, особено во јужната половина од државава, додека во сабота на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Стабилизирање на времето ќе има од недела. Температурите до сабота ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека од недела ќе бидат уште малку повисоки.

Во Скопскиот регион, исто така има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во сабота, кога има услови за локално НЕВРЕМЕ во делови од котлината. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овие денови во случај на појава на НЕВРЕМЕ, силен ветер и електрични празења препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, додека возачите во случај на појава на силен ветер да не ги пркираат своите автомобили во близина на дрвја.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости