Славчо Попоски: Попладнево и до крајот на денов очекувајте локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси

Во текот на попладнево и до крајот на денов ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално поради загреаната атмосфера можни се поинтенизвни атмосферски процеси застепени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Потоа до недела во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со град.

Сепак и покрај ова во текот на следние денови, особено на самиот крај на оваа, и почетокот на следната недела нашата територија ќе ја зафати Африкански бран кој ќе услови позначителен пораст на температурите на воздухот, но околу ова детална анализа на времето наскоро.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука