Според најновите анализи со кој располагаме, укажуваат на тоа дека се до крамиот крај на овој месец, како и во септември, територијата на Македонија ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса со потекло од северните предели на Африка и истата ќе условува МНОГУ ВИСОКИ, и значително натпросечни температури на воздухот.
Температурите повремено ќе надминуваат и 40 степени, и тоа во централните и во југоисточните предели, особено до самиот крај на овој месец. А натпросечно топло време, и летни температури ќе имаме и во септември.
Развојот на нестабилност ќе биде поретка и пократкотрајна појава кај нас, што значи дека ќе имаме повеќе суво време, што значи дека сушата и понатаму ќе продолжи во нашата држава, што не оди во прилог со пожарите кои ја зафатија државава во изминатиов период.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за доста подолгорочна прогноза, промени во истата се можни. Затоа граѓаните редовно да ги следат нашите пократкорочни прогнози, кој се далеку попрецизни.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki