Славчо Попоски: Воопшто не треба да се очекува стабилизација на времето во најскоро време

Во најскоро време граѓаните нанашата држава воопшто не треба да очекуваат стабилизација на временската состојба.

Едино нешто постабилно ќе биде утре и во сабота, но и тогаш ќе има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури на воздухот утре и во сабота ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока вредност  и ќе изнесува 8.

Од недела па натаму особено во попладневните часови и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со порооен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Од недела, како на почетокот од следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад, што значи дека и понатаму ќе се задржи пријатно топло време.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука