СЛАВЧО ПОПОСКИ: ВИКЕНДОВ МНОГУ СОНЦЕ, ДОДЕКА ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!
За време на остатокот од овој викенд времето во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло преку ден, додека наутро ќе биде постудено и тоа поради ведрото време, и температурите понекаде ќе се спуштат за некој степен под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.
Во Скопскиот регион за време на остатокот од овој викенд ќе се задржи претежно сончево време, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.
Потоа како што најавивме, од самиот почетокот на следната недела ќе има ново зголемување на облачноста кое ќе услови повремени локални врнежи од дожд . Истите ќе бидат проследени и со слаб до умерен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, а ќе има денови и кога температурите на воздухот ќе варираат, односно истите ќе бидат малку пониски.
Да напоменеме дека овие врнежи ќе ги има повеќе во западните и во јужените предели од државава, и истите таму ќе бидат со умерен интензитет, додека на другите места врнежите ќе бидат послаби.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]