За време на овој викенд, како и на почетокот од следната недела нашата територија ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови развој на нестабилна облачност, и тоа особено во попладневните часови и навечер и истита ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороеон дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Условите за нестабилност проследена со пороеон дожд и грмежи овој викенд како и на почетокот од следната недела растат и во Скопскиот регион.
НАПОМЕНА: Во случај на појава на невреме да се внимава, односно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Максималните дненвни температури овој викенд ќе бележат тенденција на незначителен пад и утре ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука