СИТЕ ЈА ОЧЕКУВАТЕ: СЕЗОНСКА ПРОГНОЗА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ЗИМА – ДАЛИ ДА ОЧЕКУВАМЕ МНОГУ СНЕГ?!
Според најновите анализи со кој располагаме со помош на најнпрецизните метеоролошки модели, претстојната зима во Македонија во поглед на температурите ќе биде просечна, што значи се очекуваат нормални температури за тој период од годината. Потопол за околу 2 степени ќе биде месец Јануари, односно првиот зимски месец. Повремено можни се и изразени продори на студени воздушни маси со потекло од Арктикот кој би условиле потпросечни температури на воздухот во текот на месеците Јануари, Февруари и Март.
Што се однесува пак до врнежите, истите би требало да бидат потпросечни, односно се очекуваат помалку врнежи за разлика од изминатите години. Во текот на сите три зимски месеци врнежите ќе бидат потрпосечни, но тоа не значи дека нема да има снег. Повремено во текот на сите три зимски месеци можни се изразени циклонски системи кој би условувале ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и снег и снежна покривка насекаде низ Македонија.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за сезонска анализа на времето, големи се условите да се случат промени во истата. Затоа граѓаните редовно да ги следат нашите пократкорочни анализа на времето и ќе бидат навремено информирани за секоја ново – настаната временска состојба.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]