Под влијание на нешто постудена воздушна маса од север, до крајот на денов како и во следните неколку денови ќе имаме малку пониски максимални дневни температури на воздухот. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.
Поголем пад ќе имаат минималните утрински и ноќни температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, што значи дека истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. До крајот на денов, како и утре ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец а времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.
Според моменталните анализи со кој разполагаме, промена на времето и врнежи се очекуваат кон крајот на новата недела која што ни започнува од утре.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука