СЕ ОЧЕКУВА МНОГУ СТУДЕНО ВРЕМЕ – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДО -10°C – НА ПЛАНИНСКИТЕ МЕСТА И ДО -15°C!
Како што веќе кажавме и најавивме, во остатокот од овој викенд времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. До крајот на денов исто така ќе има услови за локално провејување на снег, особено во северните предели.
Во Скопје и околината во остатокот од викендов времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималните температури ќе се искачуваат до околу 5 степени.
Потоа во почетокот од следната недела се очекуваат повеќе сончеви периоди, но наутро ќе биде уште постудено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштат до околу -15 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалотод -1 до 7 степени. Исклучок ќе биде понеделник кога ќе биде малку потопло и тогаш во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат до околу 11 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]