СЕ ОЧЕКУВА МАКСИМУМОТ НА ИЗРАЗЕНИОТ ТОПЛОТЕН БРАН ВО ДРЖАВАВА – ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОЧЕКУВАНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Максимумот на топлотниот бран кој ја зафати нашата држава ќе се случи утре и во понеденик кога максималните температури на многу места ќе се искаќат и до околу 35 степени.

Во централните и во југоисточните предели од државава, истите се очекува да се искачат до околу 38, 39 степени па така со ова, температурите на воздухот ќе бидат повисоки од нормалните за околу дестина степени.

Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност додека пад на температурите на воздухот за неколку степени се очекува од вторник, додека дестабилизирање на атмосферата и на повеќе места со пороен дожд и грмежи од четврток.

За нови, по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски