Денес во текот на попладневните часови и кон крајот на денов ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите има услови да бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Доста променливо време ќе се задржи и во текот на следните денови, а поголем влажен бран кој ќе услови врнежи од дожд насекаде низ државава ќе продре од запад во петок во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота. Сепак детална анализа околу ова очекувајте до крајот на денешниот ден и вечерва.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука