СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА НАТПРОСЕЧНОТО ТОПЛО ВРЕМЕ – ОД СРЕДА ВО ПАД КАКО МИНИМАЛНИТЕ, ТАКА И МАКСИМАЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

објавено на:

08 Ное 2021

од:

сподели:

Уште утре ќе имаме натпросечно топло време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Од среда температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа под влијание на постуден воздух од север, а уште утре попладне ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите од среда, па натаму и тоа минималните понекаде ќе се спуштат до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за слаб локален дожд.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Утре попладне ќе започне да дува умерен до засилен северн ветер, со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух, па од среда температурте ќе бележат тенденција на опаѓање и истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости