СЕЗОНСКА ПРОГНОЗА ЗА ЛЕТО 2021: НЕ ОЧЕКУВА ЛЕТО СО НЕ ТОЛКУ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ВРНЕЖИТЕ ПРОСЕЧНИ

објавено на:

24 Мај 2021

од:

сподели:

Според најновите анализи со кој располагаме, претстојното лето ќе помине во знакот на просечно топло време, што значи дека некои многу екстремно високи температури нема да имаме.

Температурите во најтоплиот дел од летото или во максимумот на топлотните бранови кои би ја зафатиле нашата држава би се искачувале од 38 до најмногу 40 степени во најтоплите предели од државава, додека во осттанатите предели истите ќе бидат и пониски.

Сепак ќе имаме и повремени продори од север кој ќе донесат и посвеж воздух.

Што се однесува до врнежите истите ќе бидат околу просекот, што значи дека очекуваме нормално количество на врнежи.

Мора да се напомене дека поради загреаната атмосфера, повремено ќе има услови и за појава на ПОИЗРАЗЕНИ НЕВРЕМИЊА кои би биле проследени со силни дождови, ветрови, локални поплавувања, електрични празнења и појава на град.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за сесонска и подолгодорчна прогноза, големи се шансите за промени во истата. Токму затоа граѓаните редовно да ги следат нашите краткорочни анализи за времето, со цел да бидат најпрецизно информирани околу тоа какво време не очекува.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости