Според најновите анализи кој ние ги направивме со помош на најпрецизните метеоролошки модели, претстојната есе кај нас ќе биде малку потопла од вообичаеното и со нешто помалку врнежи.
Особено потопло ќе биде во текот на овој месец кога температурите на повеќе места ќе се искачуваат до околу 30 степени, во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до околу 35 степени, вакви температури може да се очекуваат особено во првата половина на овој месец.
Натпросечно топли месеци се очекува да бидат и октомври и ноември и со нешто помало количество на воден талог, иако врнежите ќе бидат блиску до оние нормалните.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за сезонска прогноза, промени на истата и тоа како се можни. Затоа граѓаните најдобро е да ги следат нашите пократкорочни прогнози со цел попрецизно да се информираат околу тоа што точно не очекува и ќе ни носат временските услови кај нас во иднина.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука