СЕВЕРНИОТ ВЕТЕР ВО ПЕТОК ЌЕ ЈА НАМАЛИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ НИЗ КОТЛИНИТЕ – ДЕТАЛИ

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови особено во Скопскиот регион е екстремно загадено. Загадено е и во други градови низ државава, освен на планините каде воздухот е значително почист и посвеж.

Сепак без ветер или ветер со сосема слаб интензитет ќе имаме во текот на утрешниот ден, и тоа од променли правец.

Веќе во петок на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, токму ова добро ќе им дојде на котлините кои се со екстремна загаденост, однсоно ветерот очекуваме значително да го расчисти воздухот.

Најизразен ветер ќе има Долж Повардарието и во источните предели од државава.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука