РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ: ИЗМЕРЕНИ 19°C – ЌЕ БИДАТ УШТЕ ПОВИСОКИ ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА – ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВ ЦИКЛОН
Нашата територија од денес се наоѓа во поле на висок воздушен притисок, додека во исто време од југ продира се потопла воздушна маса па така и температурите на воздухот се се повеќе повисоки. Денес највисока температура е регистрирана во Гевгелија и тоа 19 степени, додека во Крива Паланка и во Скопје температурата на воздухот се искачи до 14 степени.
Сепак по одделни котлини, особено во претпладневните часови имаше појава на магла и на ниска облачноста, исто така ќе продолжи да биде и во текот на следните неколку денови – односно до недела.
Во следните неколку денови поради понатамошен продор на топол воздух од југ температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, односно истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 8 до 12 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Во недела воздушниот притисок ќе започне да опаѓа, во исто време ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој полека ќе засилува и во понеделник истиот ќе биде со засилен интензитет. Во понеделник под влијание на циклонска активност со центар над Италија и Јадранското море ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со засилен ветер, грмежи и пороен дожд.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]