До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Инаку како што најавивме и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а особено во текот на утрешниот ден ќе има и повремени локални врнежи од снег.
Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki