РАНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДУВА СПЕКТАКУЛАРЕН ПОВРАТОК НА ВИСТИНСКАТА ЗИМА
По невообичаено високите пролетни температури на воздухот кој ги имаме веќе со денови и истите во најтоплите предели се искачуваа и над 20 степени, на повидок е спектакулартно враќање на вистинската зима кое ќе го услови продорот на поларен воздух од Сибир, и тоа од четврток во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок.
Температурите на воздухот брзо ќе опаѓаат и тоа дури за 10тина степени, понекаде и за повеќе. Сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец. Дали ќе има врнежи од снег, тоа останува да се следат понатамошните анализи околу временската состојба кај нас и развојот на нумеричките модели.
Инаку од утре до четврток следуваат серии на влажни воздушни бранови кој ќе условуваат повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2, особено на запад). Во западните високи планински предели ќе има услови за врнежи од снег. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
До четврток ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално повремено истиот ќе биде и силен (над 60\70 км/час. Температурите на воздухот ќе бидат и ппонатаму над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17, 18 степени. Од четврток навечер како што најавивме нагло ќе опаѓаат.
НАПОМЕНА: Оваа нагла промена на времето (од пролетно во зимско време) лошо ќе влијае особено врз метеопатите, каде што се можни позначителни здравствени проблеми.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]