РАНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОПАСНОСТ ОД ПОЈАВА НА ГРАДОНОСНИ ОБЛАЦИ

објавено на:

01 Јул 2020

од:

сподели:

Почнувајќи од утре, па во текот на следните денови поради судир на две воздушни маси (многу топлата од југ и постудената од север), ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која особено во попладневните и во вечерните часови ќе условува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер  и појава на град. Токму поради ова, односно во следните денови во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Максималните дневни температури на воздухот, особено за време на викендот ќе бележат тенденција на пат и во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости