РАНА НАЈАВА ЗА ПРЕКРАСЕН ВИКЕНД ПРЕД НАС – ДЕТАЛИ
Од денес до недела можете да уживате во сончевото и стабилно време, што значи викендот кој е пред нас слободно можете да го искористете за прошетки и за плажирање на некои од нашите туристички места.
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, и тоа под влијание на уште потопла воздушна маса од југ. Максималните дневни температури на воздухот, особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
За разлика од изминатиот период, овој пат УВ ИНДЕКСОТ ќе биде нешто послаб и ќе има коефициент 7.
На самиот почеток од следната недела ќе имаме нова дестабилизација на временската состојба кај нас, но околу ова детални информации и што точно ќе се случува очекувајте понатаму.
За нови, и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]