РАНА ВОНРЕДНА НАЈАВА: ВО ПОНЕДЕЛНИК ПОПЛАДНЕ И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА КОН ВТОРНИК ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Сите граѓани викендот кој е пред нас да го искористат максимално поради тоа што веќе во понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник, следува ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето кај нас.

Под влијание на циклонска активност, и на голем влажен воздушен бран од запад времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и проследени со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 35 л/м2).

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее малку снег, додека температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука