Како што најавивме, утре и во сабота времето во Македонија ќе се задржи претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има појава на повремен локален дожд.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Во Скопје и околината утре и во сабота времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има услови за повремен дожд. Температурите во текот на следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 17 степени.
Заладување на времето и ЗНАЧИТЕЛЕН пад на температурите ќе имаме од вторник, кога ќе има врнежи речиси насекаде низ Македонија и истите на повисоките места и на планините ќе преминуваат во СНЕГ. Во вторник снежната граница на некои места можно е да се спушти и под 1000 метри.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki